РК Вардар кој од пред два дена е на врвот на европскиот ракомет, еуфорично беше пречекан во Скопје од верните навивачи Комити, и други поддржувачи на клубот и општо на македонскиот ракомет. Прославата започна уште на аеродромот „Александар Велики“ откако пристигна авионот од Келн.
Од таму тие се упатија кон плоштадот „Македонија“ кој беше преплавен во црвено-црно, боите на најдобриот ракометен клуб во Европа, РК Вардар.
Членовите на европскиот ракометен шампион им се обратија на навивачите на скопскиот плоштад кои и покрај топлото време се собраа во илјадници да ги поздрават своите херои.
Ракометарите на Вардар, овој историски момент и европската титула им ја посветија на навивачите и на сите граѓани на Република Македонија.
Виктор Јованов