Осма ротација на словачки полицајци на македонско-грчката граница

Од:

Утре во Македонија ќе пристигнат 15 словачки полицајци кои ќе ги заменат своите колеги на македонско -грчката граница кај Гевгелија. Ова е осма ротација на припадници на полицијата на Република Словачка.

– Единица од 15 словачки полицајци ќе спроведува заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде распоредена во областа на Гевгелија, стои во соопштението од Амбасадата на Република Словачка.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Република Словачка од март 2016-та година испрати во земјата вкупно 190 полициски службеници.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција