Калифорнија и Кина потпишаа спогодба за соработка за климата

Од:

Калифорнија и Кина потпишаа спогодба за разработка на „чисти“ енергетски технологии, соработка за шемите за тргување со емисиите на штетни гасови и истражувања за позитивните трговски и инвестициски можности за климата, пренесоа британските медиуми.

Калифорниските власти и кинеското Министерство за наука и технологии ќе развиваат заедничко партнерство за чисти технологии, што ќе ги стимулира иновациите во области како влегување и складирање на јаглерод диоксид, како и во сферата на модерните информациски технологии, што би можеле да помогнат во намалување на емисиите на штетни гасови.

Спогодбата во Пекинг се потпиша денеска – на првиот ден од Осмата министерска средба за чиста енергија, што во кинеската престолнина до 8 јуни собра министри, бизнисмени и експерти од дваесетина земји.

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климата.

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, одлуката ја оцени за безумна.

Браун, денеска на форумот во Пекинг, предупреди дека климатските промени може да се покажат и поопасни од фашизмот во текот на Втората светска војна.

– Кина може да одигра водечка улога за определување на светските стандарди за емисиите за автомобилските гасови, рече тој.

Во меѓувреме, највисоко позиционираниот американски дипломат во Кина, Дејвид Ранк, го напушти Стејт департментот во знак на протест против одлуката на Трамп да ги повлече САД од Парискиот договор за климата.

Ранк привремемо, како вршител на должноста, ја предводеше американската амбасада во Пекинг.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска