АНАЛИЗА: Имотот и сметките на новите функционери и пратеници!

Од:

Се очекуваат анкетните листови за имотната состојба на новите министри, за дел од нив има податоците за тоа колкус е богати и со каков имот располагаат, но за дел воопто нема податоци.

Така, меѓу новите владини функционери кои треба да достават Анкетен лист се вицепремиерот Хазби Лика од редовите на ДУИ, потоа новиот министер за правда Билнет Салиу и новиот вицепремер за евроинтеграции Бујар Османи, кој е еден од поранешните министри за здравство.

Се очекува својата имотна состојба да ја пријави и екс градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко, која стана министер без ресор, пишува Portalb.mk

Анектен лист треба да достави и еден од министрите без ресор, Аднан Ќахил од Партијата за движење на Турците во Македонија. Ќахил веќе е познати по својата партиципација во извршната власт – од 1998 до 2000 година беше министер без ресор во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а следните две години како владин советник. На изборите во 2002 година е избран како пратеник.

Својата имотна состојба треба да ја пријави и министерот без ресор – Самка Ибраимовски, прв човек на Партијата за еманципација на Ромите.

Дел од сега именуваните функционери, и покрај законската обврска, сеуште не ја соопштиле својата имотна состојба. Истражувањето што го спроведе Центарот за меѓународна соработка покажа дека 35 именувани и избрани функционери – и покрај обврската, сеуште не доставиле анкетни листови.

„При прверка на тоа дали сите лица за кои има податоци дека се избрани и именувани функционери во овој период врз основа на одлуки објавени во Службен весник, констатиравме дека за 18% или за 35 лица анкетните листови не беа достапни на веб страницата на Комисијата за спречување на корупција а од друга страна ДКСК поднела 9 барања за поведување на прекршочна постапка за неподнесување на анкетен лист“, вели Марија Саздевски од Центарот за меѓународна соработка.

Според законските решенија, носителите на јавна функција имаат обврска во рок од 30 дена од стапувањето на должност да пополнат анкетен лист за имотната состојба. Истото важи и при напуштањето или преземањето на нова функција. Врз основа на тие податоци се следи, дали имало и кави се промените во имотната состојба на функционерите додека биле на позиција – што може да биде и сигнал или повод за истражување на потеклото на стекнатиот имот.

Кој колку и што поседува…

Според анализата што ја напрваи Portalb.mk еве што пишува во Анкетниот лист на дел од пратениците во новиот парламентрален состав:

Талат Џафери, претседадел на Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери веќе го достави и третиот Анкетен лист – сега од позиција на прв човек на парламентот. Пријавената имотна состојба е иста со имотната пријавена во анкетниот лист од позиција на пратеник.

Така, сегашниот претсеадтел на Собранието поседува куќа во Форино од скоро 179 000 евра, стан во Скопје од 46 кавдратни метри вреден 35 000 евра. моторно воизло Аѕди А4 и платата на сопругата од 17 000 денари. Во новиот анкетен лист, од позиција на пратеник, Џафери пријавил и автмобил од 2 000 евра, како имот на децата, но и два кредити од 26 500 евра и од 550 000 денари.

Садула Дураку, министер за животна среднина

Антикорупциската комисија рапослага со Анкетен лист на сегашниот Министер за животна средина, но од позиција на градоначалник на општина Липково. Така, според податоците, Дураку како лиен имот има пријавено само едно возило марка Ауди А4 во вредност од 20 000 евра и девизна штедна книшка со 9 000 долари. Недвижниот имот кој е пријавен како заеднички имот е лоциран во Липково, па така во анкетниот лист пријавени се : земјоделско земјиште вредно 40 000 евра. Две дворни места и две куќи, едната со површина од 410 квадратни метри и втората со површина од 260 кавдратни метри – со заедничка пријавена вредност од 95 000 евра. Министерот Дураку пријавил и еден трактор вреден околу 6 000 евра, која гласи како имот на родителите.

Бардул Даути, ДПА

Според она што го пријавил во анкетниот лист Даути пседува само возило од скоро 5 000 евра и на свое име има кредит од 657 648 денари. Останатиот имот, куќа од 200 квадратни метри во Џепчиште со пријавена вредност од 100 000 евра, земјодолско земјиште од 24 300 евра и деловен простор, се на име на неговите родители. Пратеникот Даути, како член на советот на општина Тетово, во првиот анкетен лист пријавил и плата од 28 400 денари, но сега во новиот анкетен лист она што е ново е што куќата од 80 метри квадратни станала 200 метри квадратни, а се зголемила и квадратурата на земјоделското земјиште.

Зијадин Села, пратеник

Се што е наведено во Анкетниот лист на Села е посочено како личен имот. Така, пратеникот Села поседува куќа во струшкото село Ливада од 300 кавдратни метри во вредност од 80 000 евра, земјиште со пријавена вредност од 33 000 евра и шума вредна 60 000 евра. Села вози автимобил марка Јагуар со пријавена вредност од 6 000 евра. Села на трансакциска сметка пријавил 3 262 евра и кредит од 10 000 евра.

Африм Гаши, Беса

Како личен имот Гаши пријавил две трансакциски сметки без пари на нив, автомобил од околу пет илајди евра а на име на својата сопруга накит вреден 120 000 денари. Во анкетниот лист е пријаве и недвижен имот, но на име на родителите: стан од 60 квадратни метри во Скопје, земјиште, куќа како и пензија на родителите.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште