Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Благоја Милевски ги соопшти имињата на фудбалерите кои влегуваат на списокот на за Европското првенство во Полска.
На сигурните 17 фудбалери кои веќе беа на првиот список, селекторот Благоја Милевски ги додаде и седумтемина од генерацијата 1996/97:
Ељиф Елмас (Работнички), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Тихомир Костадинов (Злате Моравце, Словачка), Јован Попзлатанов (Пелистер), Петар Петковски (Вардар), Филип Илиќ (Гандзасар, Ерменија) и Алекса Амановиќ (Јавор, Србија).
– Поголемиот дел од фудбалерите веќе беа со нас и апсолутно го заслужија повикот за ЕП во Полска. Давор Здравковски е профил на играч кој ни е потребен иако заедно со Елмас се најмладите, изјави Благоја Милевски.
Првиот и историски натпревар на Европското првенство Македонија го игра на 17 јуни со Шпанија.