(ВИДЕО) Заев: Очекувам министрите да наоѓаат решенија, не планирам да бидам министер за се

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, по средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека една од препреките за влез во ЕУ, формирање на Влада и излез од политичката криза, е веќе исполнета и дека останува единствено проблемот со Грција.

Заев кажа дека на денешната седница ќе ги даде првите задачи на министрите и дека очекува од нив да наоѓаат решенија за сите проблеми, бидејќи не планира да биде министер за се. Освен првите задачи, на седницата ќе се бира и генерален секретар на Владата.

Премиерот рече дека очекува поддршка од Собранието за продолжување на мандатот на СЈО и дека тоа ќе го сторат преку дебата. Тој кажа дека сака од опозицијата да направи подобри луѓе.

Во врска со најавениот реизбор на сите судии Заев рече дека тоа ќе го стори по препораките на Венецијанската комисија.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on