ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат и паметат дека се што ветуваме остваруваме

Од:

„Деструктивната и полна со омраза пропаганда на СДС, која партијата, соросовите невладини и нивните медиуми интензивно ја водеа последните три години, резултираше со обид за атентат врз поранешниот министер Никола Тодоров на првиот ден од мандатот на Заев како премиер.

Деструкцијата и омразата се двете најсилни особини на СДС, но македонските граѓани немаат никаква полза од нив.

СДС даде ветувања кои не може да се остварат само со интриги, манипулации и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните очекуваат СДС да почне и изгради нови 500 километри автопат. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, пензионерите повисоки пензии, а вработените просечна плата од 30.000 денари.

Граѓаните знаат и паметат дека ВМРО-ДПМНЕ се што ветува остварува. ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт во 2006-тата година почна со расчистување на последиците и ефектите од мрачното владеење на СДС. Со квалитетна економска политика успеавме стапката на невработеност од рекордни 38% да ја намалиме на најниски во историјата на независна Македонија 23.1%.

Донесовме огромен број странски инвестиции, а Македонија е рангирана на високото 10-то место во светот, а 5-тото во Европа за водење на бизнис, според „Дуинг бизнис“ извештајот на Светска Банка, извештај на кој во времето на СДС бевме на срамното 96-тото место.

ВМРО-ДПМНЕ имплементираше голем број на нови законски решенија во согласност со европската пракса и воведе рамен данок и повластени стапки на ддв од 5% за голем број на производи, што ја зголеми даночната дисциплина кај граѓаните и фирмите.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја врати довербата на граѓаните во државата, кои 11 години по ред на сите изборни циклуси гласаат за програмата на партијата.

СДС успеа да собере мнозинство во Собранието и да состави Влада полна со ликови од транзицијата, предводена од човекот што отворено бара поткуп од „едно евро за вицето“. Колкав капацитет за реформи имаат и останатите министри кои извршиле и по 10-тина кривични дела, јавноста наскоро ќе види“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%

Митрески: Бидејќи секој наш предлог се одбива, СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата