Вкупно 21 од 48-те повредни лица при синоќешниот терористички напад во центарот на Лондон, се наоѓаат во критична состојба, соопшти попладнево британската Национална здравствена служба.
Како што јави ТАСС, од вкупниот број повредни, 36 лица се хоспитализирани во пет болници, додека 12 по укажаната медицинска помош во текот на денот се пуштени на домашно лекување,
Меѓу повредните има четворица Французи, од кои еден е во критична состојба, како и еден Германец, кој се здобил со посериозни повреди.