Разбојништво во Гостивар, украдени над две илјади евра

Од:

Две маскирани лица, еден час по полноќ влегле во домот на гостиварка и под закана со оружје одзеле 130 илајди денари.

Според СВР Тетово, во домот на Л.Д. (47) во населбата Фазанерија, околу 1 часот по полноќ, низ незаклучена врата, маж со „фантомка“ на главата и пиштол влегол во внатрешноста и ја разбудил домаќинката. Со закани од неа побарал да му даде пари. Жената исплашена од заканите им дала пари кои ги чувала во ќеса. Набрзо потоа заедно со другиот маскиран, кој останал на влезната врата, влегле во автомобил кој бил паркиран во близина и се оддалечиле.

Случајот бил пријавен во полициската станица Гостивар, по што е извршен увид и се работи на расчистување на околностите кои довеле до разбојништвото.

Би можело да ве интересира

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект