Стабилизирање на времето во раните утрински часови

Од:

Во текот на ноќта ќе биде претежно облачно, со повремеи врнежи од дожд со послаб интензитет, особено во источните делови. Стабилизирање на времето ќе има во втората половина од ноќта, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

До 20 часот во Гевгелија наврнати се 51 литар на метар квадратен дожд, 26 во Скопје-Петровец, 16 во Берово, 12 во Прилеп, 11 во Скопје-Зајчев Рид, 8 во Виница, 5 во Тополчани, 4 во Крива Паланка, Ѓуриште и Штип, 3 во Пожаране и Демие Капија, 2 во Тетово и 1 литар на метар квадратен во Охрид.

Од УХМР информираат дека попладнево, најпрво во југозападните и крајните источни делови на места беше нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни беа процесите во Пелагонија, Кичево и околу Берово. Подоцна попладне локална нестабилност имаше на Скопска Црна Гора и Галичица, а поизразени процеси имаше во источните делови, каде процесите од југ се преместуваа кон север, и тоа од Струмица кон Радовиш, околу Кратово-Пробиштип, а поголема облачна и нестабилна маса од Грција навлезе кон Гевгелија и Богданци и таму наврна голема количина на воден талог за кратко време.

Доцна попладнево нестабилно беше и во Сввети Николе, Куманово и во Скопје, особено во источните и северните делови од Скопската Колина.

Во овие вечерни часови времето е облачно, а врнежи од дожд претежно со слаб интензитет има во северните и источните делови.

Би можело да ве интересира

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски