Најмалку 211 луѓе, меѓу кои и 45 ученици загинаа во најголемата поплава што ја погоди Шри Ланка во последните 14 години, соопшти денеска Центарот со управување со несреќи.
Во соопштението се наведува и дека 90 лица се водат како исчезнати, а 72 се на болничко лекување.
Поради поплавите над 77.000 луѓе ги напуштија своите домови, а околу 2.000 куќи се уништени, а над 10.000 се оштетени во надојдената вода и лизгањето на земјиште, предизвикани од обилниот дожд.
Властите на Шри Ланка најавија дека ќе поднесат кривични пријави против 18 компании и поединци, кои стојат зад нелегални градви на небезбедни места.
Тоа е најголема поплава во последните 14 години во јужните и западните делови на Шри Ланка. Иако дождот е со намален интензитет се уште многу области се под вода.