Куманово ја мери потрошувачката на вода во фонтаните

Од:

Екипите на ЈП „Водовод“ денеска поставуваат водомери на фонатаните во Куманово за да утврдат колку количество вода се троши поединечно на секоја фонтана.

– Пуштени се оние фонтани во централното градско подрачје каде се поставени водомерите, а екипите работат на поставување водомери на оние фонатани каде што не се поставени и тие ќе бидат пуштени во употреба наредните денови, изјави директорот на јавното претпријатие Горан Стојковски.

Водомерите ќе бидат поставени на фонтаните до 15 јуни годинава, а резултатите од мерењето ќе се знаат по еден месец..

– Увидот е потребен за да се утврди загубата на вода, бидејќи согласно новиот Закон за методологија на тарифа, секое количество ќе влегува во цената што ќе треба да ја плаќа граѓанинот, објансува Стојковски.

На подрачјето на општина Куманово има 17 фонтани. Водата е целосно на трошок на ЈП „Водовод“. – Водовод има загуби на вода од 52 отсто од она што ја купуваме од Водостопанство „Кумановско-Липковско поле и што потоа ја преработуваме, изјави Стојковски.

Согласно методологијата на тарифа спонзорирана од ЕУ, предвидено е да се знае како каде се троши секој литар вода, дали има загуба, дали се користи за миење на резервоарите или за фонтани. Секое претпријатие во Македонија ќе мора да води грижа за што и како се троши водата и дали се наплаќа.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он