Трамп и ветил на Меркел дека САД ќе бидат најчистата земја на планетата

Од:

Во телефонскиот разговор што вчера го имале американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, Белата куќа ветила дека САД ќе бидат најчиста и најпријателски настроена држава на земјата, пишуваат германските медиуми кои цитираат соопштение на официјален Вашингтон.

Во разговорот, што покрај со Меркел, Трамп ги имал и со лидерите на Франција, Канада и Велика Британија на кои тој лично им ја образложил одлуката за повлекување од „Парискиот договор за климатските промени“, на соговорниците им се заблагодарил за дебатата на ова прашање во првите месеци од неговиот мандат.

Тој во телефонскиот разговор ги уверил дека неговата држава останува на патеката на соработка со трансатланската алијанса и напорите за заштита на човековата околина, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Според соопштението на Белата куќа, лидерите се договориле да се продолжи дијалогот за животната средина и други прашања како што е предходно договорено.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија