Јан Брату до косовските власти: Ако не ви треба ОБСЕ, тогаш довидување

Од:

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Јан Брату изјави дека би бил „добар знак“ доколку косовските институции повеќе не бараат помош од ОБСЕ, и во тој случај би им рекол „довидување“.

– Организацијата ве прашува како да ви помогне доколку ви треба помош. Но ако вие кажете дека не ви е потребна помош, ќе бидам среќен и тоа е многу добро, истакна Брату на средбата со претседателката на Централната изборна комисија, Валдета Дака околу организирањето на парламентарните избори на Косово.

Потсетувајќи дека ОБСЕ помогнал во изборниот процес во четири општини во северниот дел на Косово во 2013 година, Брату нагласи дека оваа година поддршката ќе биде помала.

Дака изјави дека е задоволна што ОБСЕ ќе има „ограничена“ улога во изборниот процес, обезбедувајќи техничка поддршка.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина