Кривична пријава против две лица фатени со 117 килограми марихуана

Од:

Секторот за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против С.Д. (65) од Битола и против уште едно непознати лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супсанции и прекурзори“.

На лицето С.Д. од страна на судија на претходна постапка му е определена и мерка притвор од 30 дена.

По претходно добиени сознанија за недозволена трговија со дрога на подрачјето на Охрид, на 30.05.2017 година околу 03.50 часот, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, полициски службеници забележале пловен објект како доаѓа од правец на Република Албанија и се движи кон брегот, каде чекале две непознати машки лица. Кога пристигнал пловниот објект непознатите, лица со гумени чизми влегле во водите и од пловниот објект земале поголем број на платнени торби. После тоа лицето со пловниот објект се вратило назад кон Република Албанија, а двете лица торбите ги ставиле во возило со скопски регистарски ознаки, управувано од второ пријавеното непознато лице и се упатиле во правец на Охрид. Полициските службеници го следеле возилото и кога пристигнале во населба Рача дале сигнали за застанување на возилото. Лицата го оставиле возилото и побегнале.

По преземените мерки пријавениот С.Д. е фатен и лишен од слобода, додека другото непознато лице се уште е недостапно.

По извршениот претрес во возилото пронајдени се 10 црни платнени торби во кои имало 84 најлонски паковки со со вкупно 117 килограми марихуана. Пронајдените торби се запленети, а пријавениот бил лишен од слобода и приведен во СВР Охрид.

Полицијата презема мерки за откривање и идентификување на второ пријавено лице.

Би можело да ве интересира

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана