Промовирано координативно тела за заштита од дискриминација во Куманово

Од:

Новоформираното координативно мултисекторко тело од општина Куманово за заштита од дискриминација, денеска одржа трибина со претставници на повеќе државни, општински институции, граѓански здруженија и ги информираше за активностите што ги реализираат на полето на заштита од дискриминацијата.

Присутните имаа можност да се информираат за начините како да се избегне каква било дискриминација на граѓаните кога бараат услуги во институциите. Локалното тело, најавија одговорните, ќе организира координирана акција во која ќе бидат вклучени претставници од бројни институции кои ќе можат да реагираат на претставки од граѓаните кои ќе се пожалат за евентуална дискриминација по однос на која било основа.

Телото има донесено деловник за работа, а надлежните денеска ги инфомираа граѓаните за постоењето на ова тело и ги повикаа кумановци дека ако сметаат дека некоја инситуција ги дискриминирала дека можат да се обратат кај ова тело и да побараат помош.

– Со законот за заштита од дискриминација кој што е донесен пред неколку години неколку државни институции имаат одредени ингеренции или законски обврски како да ги штитат правата на граѓаните од дискриминација. Денеска ние како локално тело се претставивме на присутните, а беа поканети претставници на стручните служби на основни и средни училишта и другите инситуции од локално ниво како што е АВРМ, СВР, Фондот за здравствено и пензиско осигурување, општата болница, здравствениот дом од кои граѓаните бараат одредени услуги, ние сакаме нивните претставници да ги запознаеме за законските рамки, односно правата на граѓаните, како по никоја основа да има нарушување на нивните права. Дискриминација која понекогаш несвесно се работи од страна на државните интитуции односно на вработените бидејќи дел од граѓаните имаат перцепција дека не можат некогаш да ги остварат правата, изјави Цоки Ристовски од општина Куманово и од локалното координативно тело за заштита од дискриминација.

Заменик народен правобранител, Насер Весели изјави дека и оваа институција е дел од координативно тело и додаде дека ќе го споделат своето искуство со останатите претставници во однос на заштита на граѓаните од дискриминација.

– Ние веќе имаме искуство за работите со кои ќе се занимава ова тело односно на антидискриминацијата. Ова ќе биде уште подобро бидејќи ќе се координираме, сигурно ќе има и поголем број на предмети, затоа што досега не дека немавме, но тој број не е толкав како што треба да биде. Сакале ние да признаеме или не во нашето општество дискриминацијата е присутна, некогаш повеќе некогаш помалку, но не можеме да кажеме дека кај нас е минимална, секако дека ја има. Се надевам дека ова ќе ни биде уште еден потсртек за ангажирање во борбата за заштита од дискриминција, изјави Весели.

Според него најголем број дискриминација има по етничка основа, работен однос, соодветна и правична застапеност, а во последно време ги има и од социјален аспект. Обајсни дека дел од граѓаните не се ниту свесни дека се дискриминирани, а некои од нив кои работат во приватниот сектор, поради страв да не ја изгубат работата, воопшто не се заинтересирани да ја пријават. Телото е формирано со одлука на совет пред два месеци.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски