Мексиканското одморалиште „Chable Resort & Spa“ доби награда за најдобар дизајн во 2017 година. Одморалиштето кое се наоѓа во местото Чочола, ја доби наградата „Prix Versailles“, која секоја година ја доделуваат УНЕСКО и Меѓународната унија на архитекти.
Дизајнирано е од мексиканските архитекти Хорхе Борја и Паулина Моран, се состои од 38 апартмани и две вили. Дизајнот претставува комбинација на традиционални елементи на културата на Маите и колонијална архитектура.
Овој тропски рај, опкружен со градини е оддалечен 25 минути возење од историскиот град Мерида. Освен главната награда за дизајн, признание доби и ресторанот, односно готвачот Хорхе Ваљеха, кој е прогласен за најдобар готвач во Мексико, додека на светската листа го зазема 12. место.