Распишан конкурсот за државната награда „Св.Климент Охридски“

Од:

Распишан е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017. Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2017 година.

Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во денеска објавениот конкурс се наведува дека државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за остварување од јавен интерес за Република Македонија.

Како што е наведено во конкурсот, на награден поединец му се доделува диплома и паричен износ, на секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ, а на наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „Св. Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

Државната награда “Св. Климент Охридски” се доделува, по правило, секоја година. Во една година може да се доделат најмногу пет награди.

– Иницијатива за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса -улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 20 примероци, а трудови (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во еден (1) примерок, се наведува во конкурсот.

Иницијативите треба да се достават на адресата: Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда “Св. Климент Охридски”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2024

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“