Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори денеска ќе претстави информации за работата на сметководителите и преземените активности за подобрување на квалитетот при вршење сметководствени работи и за спречување на нелојалната конкуренција.
Информациите и активностите за регулирање на сметководствената професија со цел да се обезбеди заштита на сите компании ќе ги претстават претседателот на Комората Драган Митковски и претставници на членки на комората.