Аријана Гранде ќе одржи добротворен концерт во Манчестер в недела

Од:

Американската пејачка Аријана Гранде в недела ќе одржи добротворен концерт во Манчестер во спомен на жртвите во нападот.

Плејада од ѕвезди, како Кејти Пери, Џастин Бибер, Мајли Сајрус, Фарел Вилијамс, групите „Колдплеј“ и „Тејк дет” ќе учествуваат на концертот, соопштија организаторите на настанот.

Концертот ќе се одржи на стадионот за крикет „Олд Трафорд“, на помалку од две недели откако 22 лица загинаа од самоубиствен напад извршен на крајот на концерт на Аријана Гранде во Манчестер, а 116 беа повредени.

Приходите од хуманитарната манифестација се наменети за фондот основан од градските власти и британскиот Црвен крст.

Во изјавата по нападот пејачката рече: Нема да дозволиме тоа да не раздели. Нема да дозволиме омразата да надвладее. Треба да одговориме на ова насилство, со тоа што ќе се зближиме, ќе си помагаме, ќе се сакаме повеќе, ќе пееме посилно и ќе живееме -поблагородно од досега.

Би можело да ве интересира

Преживеаните од нападот на концертот на Аријана Гранде добија отштета од по 45.000 фунти

А1он

(ВИДЕО) Невреме беснее во Британија: Торнадо го погоди Манчестер

Гарначо и Рашфорд го покорија Лидс за второ место на Јунајтед

Аеродромот во Манчестер затворен поради обилните снежни врнежи

Горан Наумовски

Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

А1он

Солскјер: Морав да сменам многу во Јунајтед по Мурињо

Ландов