Данев: СДС да се вразумат и да не се водат од теснопартиските интереси

Од:

„Помина еден месец од незаконскиот обид пратеникот Талат Џафери да биде избран за Претседател на Собранието на Република Македонија.

Помина еден месец од флагрантното кршење на Деловникот, законите и Уставот од страна на СДС и нивните партнери.

Кому и зошто му се брзаше да го скрати правото на дискусија на пратениците, едно од најсветите права, и да го прекрши Деловникот заобиколувајќи го изборот на членови на Комисијата за избори и именување.

Дали свесно се одеше на провокација и инциденти, кога целата јавност гледа дека веќе еден месец собраниското мнозинство не покажува никаква намера за Собранието да почне да работи.

Поминаа петнесет дена откако ВМРО-ДПМНЕ побара собраниското мнозинство да создаде услови да се деблокира работата на локалната самоуправа и да се распишат локалните избори.

Поминаа две недели откако партиите се согласија локалните избори да се одржат на 15-ти Октомври. Во сето ова време, ниту се одблокираше Собранието, ниту прават чекори за закажување на локалните избори.

Ние како партија понудивме три разумни термини и излеговме со став дека што поскоро се одржат локалните избори, толку е подобра користа за граѓаните, односно многу порано ќе добијат локална самоуправа која ќе се посвети на реализација на проектите и подобрување на условите во средините во кои граѓаните живеат.

За жал целиот овој период парламентарното мнозинство се однесува неодговорно и не покажува никаков интерес за деблокирање на процесите во државата.

Ваквото недговорно и деструктивно однесување на СДС граѓаните го гледаа и кога СДС беше во опозиција и сега кога СДС го има мнозинството за составување на идната влада.

ВМРО-ДПМНЕ повторно повикува да се вразумат и да не се водат од личните и теснопартиските интереси и да ги откочат процесите во интерес на граѓаните.

Локалните избори да се распишат час поскоро, а заедно со нив ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се одржат и нови предвремени парламентарни избори како излез од кризата во која СДС ја втурна државата“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски