ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ е на власт невработеноста енормно расте

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку пишано соопштение до медиумите порачува дека додека тие преку различни мерки ја намалуваат невработеноста во Република Македонија, СДСМ само размислува и најавува блокади на веќе отпочнатите проекти.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која секојневно се грижи за потребите на граѓаните на Република Македонија и напорно работи за да се подобри стандардот, а доказ за тоа се бројните мерки и реформи што ги има реализирано. ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш докажа дека се грижи за македонскиот народ. Вчера официјално започна со работа германската компанија „СТС Текстајлс“ која ќе биде сместена во просториите на поранешната фабрика „Нонча Камишева“, позната како поранешна „Свилара“. Оваа странска инвестиција ќе обезбеди сигурна егзистенција на околу 1.000 лица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Статистиката, се додава, покажува дека секогаш кога СДСМ е на власт невработеноста енормно расте.

– ВМРО-ДПМНЕ мораше да работи напорно за да се намалат штетите од лошото и катастрофално владеење на СДС кои кога беа на власт оставија 200.000 луѓе без работа и затворија 684 фабрики со криминалната приватизација. Во време на СДС невработеноста достигна рекордни 38 отсто, но Владата на ВМРО-ДПМНЕ со реални проекти невработеноста ја намали на најниско ниво од 23,1 осто. Сето ова ВМРО-ДПМНЕ го постигнува со заложбата да привлече што е можно повеќе странски инвестиции, додека СДС ги затвораше фабриките, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се нагласуве дека додека ВМРО-ДПМНЕ работи за да обезбеди подобра иднина на македонскиот народ, СДСМ и неговите коалициски партнери разговараат за консензуална демократија и размислуваат како да ја редефинираат Република Македонија.

– Граѓаните на Република Македонија знаат кој повеќе се грижи за нивната иднина. Затоа ВМРО-ДПМНЕ победи и на последните парламентарни избори. Македонскиот народ не сака лажни ветувања, бараат што е можно побргу да се овозможат редовни локани избори, но и со нив предвремени парламентарни избори, се порачува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт