Прекинат 40-дневниот штрајк со глад на Палестинците во израелски затвори

Од:

Кадура Фарис, претседател на Здружението на палестински затвореници потврди дека Палестинците во израелските затвори денеска го прекинале штрајкот со глад поради договор со претставници на Управата на израелски затвори.

Фарис појасни дека претставниците на палестинските затвореници кои штрајкуваа со глад, склучиле договор после 20-часовни преговори.

Одлучена е засега да биде прекинат штрајкот со глад, а договорот го потврди и Управата на израелски затвори. Но никој не соопшти детали од договорот.

Според податоци од Канцеларијата за палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, меѓу кои и 57 жени и околу 300 малолетници.

Повеќе од 1.500 палестински затворници на 17 април стапија во штрајк со глад, барајќи на овој начин подобрување на здравствените услуги во израелските затвори, како и да не им бидат ограничени посетите на членови на семејствата.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање