Две нови продукции во Велешки театар

Од:

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во тек се подготовките на две нови театарски продукции.

Како што појаснуваат од театарот, првата продукција е „Тирамису“, работена според истоимениот текст на полската авторка Јоана Овшианко, во адаптација и режија на Теа Беговска, како дел од Годишната програма на Театарот за 2017 година, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски, а автор на музиката е Енес Беговски.

Во претставата настапуваат актерите: Маја Љутков, Зорица Панчиќ, Талија Настова, Марија Стефановска, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Душица Настова и Румена Шопова.

Втората продукција е постановка на драмскиот текст „Пасивно пушење“ од Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов, како проект кој се реализира од сопствени средства на театарот.

Сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, кореографијата на Маја Каревски, а авторската музика на Сашко Костов.

Во претставата настапуваат актерите Зоран Љутков, Фаик Мефаилоски, Александар Велјановски, Кирил Гравчев, Јордан Витанов и Весна Димитровска Бобевски.

Од Програмата на Театарот за 2017 досега беа реализирани четири премиерни изведби: „Ана Комнена“ од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев, „Театар љубов моја“ од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски, „Песни за татковината“, авторски проект на Петар Темелковски и „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка