„Денеска е значаен ден заради тоа што на повик на неколку синдикати сме тука за да поразговараме околу идните ставови на новата Влада предовдена од Социјалдемократскиот сојуз и во тој дух ние се залагаме да го вратиме дијалогот помеѓу работниците, работодавачите и Владата на Р.Македонија, нешто што беше уништено во последниот период.
Навистина, Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права. Нам, како СДСМ ни стои во програмата да направиме се за да ги заштитиме работничките права, а тоа може да се оствари само преку отворен дијалог помеѓу работодавачите, работниците и Владата и тоа е нешто што мора веднаш да го започнеме и да разговараме за сите оние отворени прашања кои пред се ќе значат зголемување на минималната и просечна плата во Македонија и заштита на работниците, нешто што мора да стане пракса во Македонија и само преку таков еден дијалог да ги носиме сите решенија, затоа што носење на било какво законско решение или одлука која нема да ги остварува целите на работниците, тогаш мислам дека се пропаднати закони.
Токму заради тоа, мислам дека ваков дијалог и вакви средби се неопходни и еве, нека ова биде еден почеток на постојан дијалог, пред се за заштита на работничките права, а воедно и за економијата во Македонија“ изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски
По изјавата, одговарајќи на новинарски прашања тој изјави дека посакува синдикати кои што нема да бидат окупирани од владејачката партија, туку ќе бидат независни.
Прифатливо ли ќе биде барањето на синдикатите и тие да имаат свој претставник во Владата, доколку се прифати вице-премиерско место од стопанските комори?
Ќе дебатираме и разговараме денеска за ова прашање, тоа е прашање кое се надевам ќе биде одлучено од мандатарот. Најважна работа од се е синдикатите да бидат поставени на едно ниво што ќе е достојно за еден синдикат. Да немаме синдикат кој е окупиран од страна на владејачката партија како што е тоа денес со Созјузот на синдикати на Македонија, туку навистина да имаме независни синдикати кои во секој момент ќе можат да отворат битни прашања за работниците, да се спротивстават или да покренат иницијатива за одредени прашања и во овој момент тоа е најважно за Р.Македонија.
Изгубија ли многу од своите права синдикатите во последните години под минатата власт?
Не. Изгубија многу работниците. Ако го погледнеме Живко Митревски, тој не изгуби ништо.