За 69,6 проценти е зголемено количеството на превезена стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава споредено со првиот квартал лани, а во железничкиот и во воздухопловниот има намалување за 18,5 проценти, односно за 30,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на четвртиот квартал лани, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз e зголемено за 24,6 проценти, во железничкиот е намалено за 19,8 проценти, а во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 14,3 проценти.
Според статистичките податоци, во првото тримесечје од годинава во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 1,4 проценти, во градско-приградскиот превоз за 6,9 проценти, а во воздухопловниот превоз за 7,1 процент, а во железничкиот е намален за 38,6 проценти.
Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5,8 проценти, во градско-приградскиот превоз за 0,5 проценти, во железничкиот за 37 проценти додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 10,5 проценти.