Копенхаген вложува 45 милиони долари за садење нови стебла

Од:

Одборот за животна средина на градот Копенхаген одобри 300 милиони круни, односно 45 милиони долари за садење нови стебла во целиот град.

Целта на данската престолнина е до 2025 година да посади околу 100.000 нови стебла. Проектот започна во 2015 година, а до сега се засадени околу 17.000 стебла.

Мортен Кабел од партијата на Алијансата на црвено-зелените истакна дека сите влијателни партии силно ја поддржале иницијативата за садење нови стебла.

– Не очекував ништо друго, затоа што сите важни политички партии порачаа дека сакаат повеќе стебла во градот, како и позелен Копнехаген. Тоа, поточно е она што го сакаат и самите граѓани на Копенхаген, рече Кабел пред новинарите.

Тој додаде дека многу е значајно дека „зелениот град“ е приоритет за вастите во Копенхаген.

– Животната средина е многу важна за сите нас. Сакаме повеќе зеленило за да можеме да уживаме во околината во која живееме. Во суштина, сетоа тоа позитивно придонесува и за климата, рече Кабел.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска