А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дваесетина граѓани побарале помош од институциите по силниот дожд во Струмица

by А1он25/05/2017 - 20:15155
Share0

Најмалку 20 граѓани се јавиле на дежурниот број за помош по невремето кое попладнево ја зафати Струмица при што поплавени беа улиците од ниските делови на градот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од Центарот за управување со кризи велат дека чекаат точен податок за количините дожд кои попладнево околу 16:30 минути ја зафати Струмица. Досега до нив нема стигнато повизи за штети.

Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ велат дека веќе се излезени на терен и работат на отстранување на последиците од силниот дожд.

Според Стојан Ефтимов, раководител на работната единица „Водовод и канализација“, во моментов две цистерни работат на улицата „Младинска“ и една машина работи на ослободување на застојот на водата од разновидните наноси во долниот дел на поројот „Крушевска Република“ овозможувајќи таа да истекува понатаму. Ефтимов додаде дека работат и на други локации по повиците од граѓаните. Во оваа попладневна акција вклучена е и Територијалната противпожарна единица која веќе работи на одредени локации во градот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Општина Струмица ги извести граѓаните и правните лица кои имаат проблеми од невремето што ја зафати попладнево Општината и имаат потреба од помош, да се јават на следните телефонски броеви: 034 325 909 на ЈПКД „Комуналец“ и на 076 48 48 48 на „Систем 48“.

nevremestrumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 12:51

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски06/08/2026 - 14:2906/08/2026 - 14:37

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он02/08/2026 - 10:4702/08/2026 - 10:50

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:57

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео