Трамп: НАТО треба да посвети внимание на тероризмот и миграцијата

Од:

НАТО треба да посвети огромно внимание на борбата против тероризмот и миграцијата, како и на заканата од Русија и безбедноста на источните граници, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, при откривањето на споменикот со остатоци од урнатините на кулите-близначки во Њујорк од нападите на 11 септември 2001 година, што е поставен во новото седиште на Алијанската во Брисел.

Тој порача и дека членките на Алијансата треба да ги исполнуваат своите финансиски обврски кон Организацијата, потенцирајќи дека 23 од 28 земји не плаќаат за својата одбрана, толку колку што треба.

– Ако државите од НАТО ги исполнат своите обврски, Алијансата ќе биде многу посилна пред заканите од тероризмот. Не знам колку чини новото седиште тука, не смеев да прашам, но убаво е, рече Трамп.

При откривањето на споменикот Трамп побара од присутните со минута молчење да им се оддаде почит на жртвите од нападот од понеделникот во Манчестер, кој, како што рече, е дело на „бедници“.

– Тоа ужасно нешто ја покажа длабочината на злото и лицето на теророт. Тоа беше варварски напад врз нашата цивилизација, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски