НАТО ќе се приклучи кон коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава, со што ќе биде задоволено едно од клучните барања на американскиот претседател Доналд Трамп, а со тоа Алијансата посериозно ќе се ангажира во борба против тероризмот, изјави денеска дипломатски извор.
– Постојаните претставници на земјите членки на НАТО тукушто донесоа одлука. Допрва треба да биде официјално објавена на утрешната средба на врвот на Алијансата, додаде тој.