ВМРО-ДПМНЕ: Криминалното раководство на СДС се богати на грбот на граѓаните

Од:

„Криминалното раководство на СДС со години ги оштетува граѓаните на Република Македонија и се богати на нивен грб.

СДС е политичка партија која својот централен штаб го има добиено во наследство од поранешната СКМ, за чија наследничка се прогласија и со тоа ги изиграа законите стекнувајќи се со имот од 3.583 м2, во центарот на Скопје.

Централното седиште на партијата на ул. Павел Шатев во Скопје, како објект на државата од претходниот систем им припаѓа на сите граѓани на Република Македонија, а не на СДС.

Криминогената матрица на СДС никогаш не рaзмислувала како да придонесе за развој на државата и подобар живот на граѓаните. СДС секогаш била насочена кон црпење на што е можно повеќе ресурси за богатење на партијата и тесното раководство во врвот.

Тоа го видовме и со приватизацијата кога милијарди евра капитал беа разграбани, а 200.000 работници останаа на улица. Тоа го видовме и со бомбона бизнисите, а сега го гледаме истото и со прифаќањето на Tиранската Платформа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски