Употребата на агенти со прикриен идентитет за инфилтрација во криминалните организации и заштитата на нивната анонимност е цлосно законска во борбата против овој вид криминал, оцени денеска Европскиот суд за човекови права.
Како што јави дописникот на МИА, Судот ваквата одлука ја донесе по жалбата на Адрианиус Ван Весненбек, холандски државјанин кој живее во Белгија, осуден од белгиски суд на 10 години затвор за трговија со дрога и перење пари.
Подносителот на претставката се жалеше на повреда на неговото право на фер судење, затоа што одбраната немала пристап до доверливите досиеја против него и што не можела да ги сослуша прикриените инфилтрирани агенти.
Седумте европски судии го отфрлија неговото барање, сметајќи дека „целта на доверливите досиеја е да се заштити анонимноста и безбедноста на прикриени агенти и да се чуваат во тајност користените методи“.
– Овозможувањето на полициските тајни агенти да обезбедуваат анонимни информации е основна алатка во борбата против организираниот криминал, се наведува во пресудата на Судот во Хаг.
Судот утврди дека „ограничувањето на правата на одбраната е оправдано“ и тоа било доволно компензирано со постапката на контрола извршена од обвинителството во Антверпен.
– Утврдувањето на вината на жалителот е извршено врз основа на други докази, а идентитетот на лицата со прикриен идентитет и нивната сигурноста биле проверени, објасни Судот.