Министерство за финансии денеска исплати 532,7 милиони денари или 8,6 милиони евра поддршка од кои 517,9 милиони денари субвенции за одгледување житни и градинарски култури и 14,8 милиони денари за рурален развој.
Како што соопшти МФ, исплатата на субвенциите ќе продолжи и во наредните денови.