Ладна салата која може да биде комплетен оброк или идеален прилог со друго јадење …
Потребно е:
50 гр леблебии, од конзерва
3 јајца
1 домат
1 црвена пиперка
листови зелена салата
50 гр мајонез
100 мл павлака
1 лажиче сенф
Подготовка:
– Леблебиите измијте ги, покиснете ги во вода и оставете ги да стојат во водата преку ноќ. Утредента ставете ги да се варат додека да омекнат.
– Сварете ги јајцата, излупете ги и исечете ги на осмини.
– Пиперката исечете ја на ленти, а доматот на тенки кришки.
– Зелената салата исечете ја на ленти. Сите состојки ставете ги во еден сад и измешајте.
– Во еден сад измешајте ги павлаката, мајонезот, сенфот и босилекот и убаво измешајте. Со овој прелив прелијте ги преостанатите состојки.
– Пред да ја послужите, изладете ја салатата.