Турски леб

Од:

Воздушест, мек и многу вкусен …

Потребно е:
околу 300 гр меко брашно
250 мл млеко
1/2 коцка свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажиче сол
2 лажици маслиново масло
1 жолчка, за премачкување
црн и бел сусам, за посипување

Подготовка:
– Во млакото млеко издробете го квасецот, додадете го шеќерот и изматете. Ставете две лажици брашно, измешајте и оставете го да стаса квасецот.

– Во подлабок сад ставете го брашното, но помал дел од брашното тргнете на страна, за додавање додека го месите тестото.

– Додадете ги солта и стасаниот квасец, потоа маслото и замесете тесто. Во текот на месењето додавајте ако има потреба од брашното што го тргнавте на страна. Треба да добиете меко и еластично тесто.

– Тестото покријте го со пластична фолија и оставете го да стои 20-тина минути на топло место, додека да нарасне.

– Во поголема тава ставете хартија за печење и премачкајте ја со масло.

– Стасаното тесто ставете го на набрашнета работна површина и поделете го на два дела. Секој дел убаво обликувајте го како топка.

– Ставете ги во тавата и со раце развлечете ги со прсти во облик каков што сакате. Премачкајте ги со изматена жолчка со неколку капки вода во неа. На крај посипете го со црн и бел сусам. Оставете го уште малку да стои за да нарасне.

– Ставете го да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени додека да порумени .

– Печениот леб извадете го од рерна и покријте го со чиста крпа 10-тина минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска