Кремаст колач со чоколадо и лешници

Од:

За сите љубители на кремасти чоколадни колачи…

Потребно е:
за бисквитното тесто:
100 гр сецкани пржени лешници
7 белки
150 гр шеќер
100 мл масло
7 лажици брашно
1 прашок за пециво

за кремот:
7 жолчки
2 кесички пудинг од ванила
700 мл млеко
250 гр путер или маргарин
7 лажици шеќер

за глазурата:
200 гр чоколадо
100 гр путер
малку масло

и уште:
чоколаден крем (Нутела, Еурокрем, …)
200 гр бисквити (Petite Beure)

Подготовка:
– Во тава за печење со димензии 30х40 см ставете хартија за печење и рамномерно распоредете ги лешниците.

– Во еден сад изматете ги белките со шеќерот во густ шлаг. Додадете го маслото и на крај додадете ги брашното и прашокот за пециво и внимателно измешајте со дрвена лажица.

– Смесата сипете ја над лешниците во тавата и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-тина минути.

– Печеното тесто оставете го малку да се излади, а потоа превртете го на чинија со лешниците од горе и премачкајте го со чоколадниот крем.

– Бисквитите потопете ги во врело млеко и наредете ги над чоколадниот крем.

– Направете го кремот. Изматете ги жолчките и додадете ги шеќерот и брашното и повторно изматете. Млекото ставете го да се вари и пред да почне да врие постепено додадете ги изматените жолчки со постојано матење. Варете го кремот со постојано матење додека да се згусне. Оставете да се излади и потоа во него додадете го изматениот путер и измешајте.

– Кремот рамномерно распоредете го над бисквитите.

– Подгответе ја чоколадната глазура. Во сад на пареа ставете ги путерот, маслото и чоколадото искршено на парчиња. Варете ги додека да се растопат. Оставете малку да се излади и прелијте ја над кремот.

– Готовиот колач оставете го да стои неколку часа во фрижидер, а потоа послужете го.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска