Едноставен колач со многу локум и ореви …
Потребно е:
400 гр кисело млеко
1,5 чаша (од 200 мл) шеќер
3 чаши брашно
1,5 чаша масло
1 лажиче сода бикарбона
2 лажичиња екстракт од ванила
2 лажици изрендана кора од лимон
1 лажиче сецкани ореви
150 гр локум
2 лажици шеќер во прав
Подготовка:
– Содата растворете ја во киселото млеко и шеќерот.
– Додадете го маслото и брашното со постојано мешање.
– Во смесата додадете ги изренданата кора од лимон и екстрактот од ванила.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење.
– Одозгора посипете ја со ситно сецкан локум и со сецкани ореви.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да порумени. роверете со чепкалка за заби дали е печен колачот.
– Пеќениот колач оставете го да се излади, а потоа посипете го со шеќер во прав, исечете го на парчиња и послужете.