Навистина брзо ќе ги подготвите …
Потребно е:
1 кора лиснато тесто
6 половинки праски (од компот)
6 лажичиња слатко од праски
шеќер во прав
Подготовка:
– Тестото малку развлечете го на работна површина. исечете го на 12 квадрати. Во средината на 6 од квадратите направете круг.
– Квадратите без кругови премачкајте ги со слаткото.
– Исцедете ги праските од компотот и ставете ги во средината на квадратите.
– Одозгора ставете од квадратите со круг.
– Наредете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
– Со вилушка притиснете ги од сите страни за да се спојат двете теста.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.
– Оставете да се изладат, посипете ги со шеќер во прав и послужете.