Предложени мерки за поголема безбедност на критични места на регионалниот пат од Охрид кон Свети Наум

Од:

Запоголема безбедност на учесниците во сообраќајот на патот што од Охрид води кон плажите на источниот брег на Охридското Езеро, на самиот излез од градот, се бара поставување челични одбојни огради како привремено решение.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид таквата иницијатива ја покрена на денешната седница поради актуелноста на проблемот, оттаму што на потегот кај Хидробиолошкиот завод на регионалниот пат Охрид – Свети Наум честопати се случуваат сообраќајни незгоди, од кои некои со фатални последици. Последната се случи овој месец кога животот го загуби 20- годишно момче од Охрид, а уште едно лице се здоби со тешки телесни повреди.

– Ова е најбрзиот и најсоодветен начин, во пресрет на летната туристичка сезона, да се зголеми безбедноста на овој регионален пат и посебно на споменатиот патен потег, со што силно ќе се влијае врз намалување на сообраќајните незгоди и загуба на човечки животи, истакна претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски.

Тој додаде дека се предлага и надополнување, односно осовременување на хоризонталната и вертикална сигнализација на тој патен потег, поставување сообраќајни знаци за опасност со рефлектирачки својства или на исти сообраќајни знаци во серија, што е карактеристично за пат каде се вози со поголема брзина.

Од Советот додаваат дека како тело што посветено работи кон подобрување на безбедноста во сообраќајот, предлог иницијативата ќе ја достават до Локалната самоуправа и до Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот.

Регионалниот пат Охрид – Св.Наум е фреквентна сообраќајница во регионот на Охрид, со особено сообраќајно оптоварување во текот на летната туристичка сезона. Патниот правец води кон туристичките населби, хотелско угостителските објекти и ноќните клубови на брегот на Охридското Езеро, а честипати на него се случени сообраќајни незгоди од кои голем дел завршуваат со загуба на човечки животи.

Најчеста причина за незгодите е пребрзо возење и управување на патнички и други моторни возила под дејство на алкохол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on