Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, откри дел од адутите со кои ќе го трча локалниот маратон. Некои очекувани, некои изненадување, а некои мораат да бидат и „жртвени јагниња“.
Коце Трајановски, беше фикс кандидат, иако имаше срамежливи најави дека нечија партиска желба било на тоа место да го види Ивица Коневски.
Кандидатурата за Прилеп на Ристески, за Илинден на Стојановски не беа ни во еден момент доведени во прашање.
На социјалните мрежи како позитивна беше оценета одлуката лекарот Никола Бакрачевски да биде кандидат, но се критикува повторната шанса за Талевски за Битола, велат со ова власта ја губи Битола.
„Па добро мора некој и жртвено јагне да е“, вака главно се коментира објавената кандидатура на Јагнула Куновска, но и на Пишев за Струмица.
Тактика или намерно нема официјална одлука за Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Центар, Штип. Тие важеа за бастиони на ВМРО-ДПМНЕ.
За Ѓорче Петров, според информациите на А1он, Сокол Митривски би сакал трета шанса, но не и партијата. Кандидат се бара и за Бутел, но голем проблем за власта е Центар.
Дознаваме по многуте анкети, на кои се испробаа сите можни комбинации, од министри, сегашни и поранешни, директори, сепак тркалото повторно е свртено кај актуелниот Владимир Тодоровиќ. Наши информации велат дека во фирмите на Тодоровиќ има често контроли поради неговото спротивставување повторно да влезе во игра за градоначалник. За потрошеното за „Скопје 2014“ ќе треба да се даде отчет.
Капак на се е и одлуката за повлекување на продажбата на земјиштето на општината за симболични 3.000 денари.
Кој ќе биде „жртвено јагне“ за Центар ќе се знае наскоро.