Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од 25 јули до 3 август 2013 година во Скопје и Охрид ќе ја организира четвртата глобална конференција насловена „Македонија 2013: 100 години по Букурешкиот договор“.
Конференција ќе се состои од академски дел кој ќе се фокусира на последните сто години од македонската историја, поглед кон иднината, како и дел кој ќе се фокусира како македонската дијаспора би можела да придонесе кон развојот на нашата татковина.
Планирани се и дневни екскурзии до Битола, Крушево и македонските винарии и кратки координирани посети до Мала Преспа, Благоевград и Егејска Македонија. Конференцијата ќе се затвори со формална Гала вечера на 3 август 2013 година во Скопје.
ОМД досега има одржано глобални конференции во Вашингон во 2009 и 2011 година и во Торонто во 2010 година, посетени од повеќе од 1.500 Македонци и пријатели на Македонија од 25 земји ширум светот.