Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, ги покани премиерите на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и шефот на македонската Влада, идната недела на неформална вечера во Брисел, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Според портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, разговорите на неформалната вечера ќе бидат за ситуацијата во регионот во врска со последните случувања и да се погледне како сите заедно може да се движат напред.
– Оваа вечера, исто така, ќе биде продолжение на посетата високата претставничка Могерини на регионот во март, оваа година, изјави портпаролката Коцијанчич за МИА.