Акција за собирање кабаст отпад во општина Кисела Вода

Од:

Јавното претпријатие „Комунална хигиена” и општина Кисела Вода во петок и во сабота од 7 до 11 часот ќе спроведат акција за собирање кабаст отпад.

В петок акцијата ќе се спроведува во урбаните заедници „Кисела Вода“, „Расадник“, „11-ти Октомври бараки“, „Бобан Трпков“ – населба Драчево и во месните заедници „Пинтија“, во село Драчево, Усје и Градинар, Припор – улица „Христо Татарчев“ – до месната заедница Припор, месност Бабин дол, последна станица на автобусот со број 24.

Акцијата в сабота ќе се спроведува во урбаните заедници „Цветан Димов“, „Бирарија“, „Црниче“, „Пржино“ и „11-ти Октомври згради“.

Општина Кисела Вода апелира граѓаните да го одложуваат отпадот во точно предвидените термини пред своите домовите и пред колективните згради на пошироките улици. Кабастиот отпад да не го попречува движењето на пешаците и возилата и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Би можело да ве интересира

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода