Алпинистот Хорија Колибашану (40) од романскиот град Темишвар си поставил за цел да ги искачи сите 14 врвови на Земјата повисоки од 8.000 метри.
Тој стан првиот Романец кој успеал да се искачи на највисокиот врв на планетава Монт Еверест, без резервен кислород и без помош на шерпаси,
– Беше ужасно тешко и многу студено. Успеав. Добро сум, ќе направам снимки и слегувам, изјави Хорија веднаш откако стигна на врвот.
Како што јави Аџерпрес, искачувањето траело приближно 12 часа, а последното застанување му било на 8.300 метри надморска височина. Еверест се наоѓа на 8.848 метри.
Сега авантуристот треба да се симне на височина под 8.000 метри, за да ја направи првата пауза, а имајќи го предвид и заморот како фактор, таа етапа е една од најризичните.
Монт Еверест е осмиот на листа од 14 врвови повисоки од 8.000 метри на кој успеа да се искачи Хорија.