Трамп и Ердоган согласни околу важноста на нивните билатерални односи

Од:

САД и Турција се соочуваат со заеднички закани, по средбата со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, мислејќи на терористичката закана.

– Денес ние сме соочени со нов непријател во борбата против тероризмот и повторно заедно се обидуваме да се спротивставиме на оваа закана, истакна Трамп, јави германската агенција ДПА.

– Во последните години, па дури и неодамна, турскиот народ доживеа ужасни терористички напади, потсети американскиот претседател. Тој потенцираше дека американско-турските односи ќе останат нескршливи во борбата против Исламската држава во Сирија и Ирак.

Трамп изјави дека САД ја поддржуваат Турција во борбата против тероризмот, вклучувајќи ја т.н. Исламска држава, но и против Курдската работничка партија (ПКК). пренесува ТАСС.

– Ние ја нудиме нашата поддршка за турскиот народ. Ние ја поддржуваме Турција во борбата против тероризмот и терористичките групи, како ИД и ПКК, за да гарантираме дека за нив нема да има сигурно место, рече тој.

Трамп изјави дека за него е голема чест да го прими Ердоган во Белата куќа, дополнуваат американските медиуми.

По средбата со Ердоган, американскиот претседател рече дека побараното од турскиот претседател американско оружје ќе биде доставено на турската страна во најкус можен рок.

– Воена опрема беше побарана од страна на претседателот на Турција и ние недвосмислено потврдивме дека таа ќе биде доставена во најкус можен рок, изјави Трамп.

Тој рече дека САД ги поддржуваат сите напори за намалување на обемот на насилство во Сирија и создавање услови за мирно решавање на конфликтот.

Од своја страна, турскиот претседател изјави дека е важно за стабилноста и мирот, Турција да има добри односи со САД. Ердоган истакна дека се надева на идни консултации и соработка со САД, кои ќе постават нова основа на билатералните односи.

Турскиот претседател уште соопшти дека со Трамп се договориле да ја продлабочат соработката во областа на економијата и трговијата.

Тој рече дека победата на Трамп на изборите довела до нова надеж за Блискиот исток.

Турскиот претседател ја начна и темата за Курдските сили за заштита на народот и рече дека американското користење на овие сили во регионот е спротивно на договорот и тоа никогаш нема да биде прифатено од Турција.

По средбата со Ердоган, во изјава пред новинарите, Трамп не зборуваше директно за одлуката САД да ги вооружат сириските Курди, но истакна дека САД и Турција имаат заеднички ангажман да стават крај на сирискиот конфликт.

На крајот, Ердоган го покани Трамп и неговото семејство да ја посетат Турција, додава ТАСС.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски