Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа го прими својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.
Ова е прва средба во четири очи меѓу двајцата претседатели, која станува деликатна, поради тоа што САД одлучија да достават оружје на сириските курдски милиции, на што Турција многу се противи.
Ердоган беше пречекан од Трамп на влезот на Белата куќа, посочува турскиот телевизиски канал НТВ.
– Ќе имаме долга и тешка средба со Ердоган – изјави Трамп пред разговорите.
Турскиот телевизиски канал НТВ посочува дека средбата, која почнала во 19.40 часот, е предвидено да трае 20 минути, но се очекува да биде подолга.