Конференција во рамки на проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“

Од:

Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово одржа завршна национална конференција во рамки на проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“.

На конференцијата учествуваа околу 40 учесници – претставници на граѓански организации, локални самоуправи и државни институции, активисти за човекови права, како и претставници на Државната комисија за заштита од дискриминација, канцелариите на омбдусманот, меѓународни институции и други релевантни чинители.

Организаторите ги претставија резултатите од проектните активности што биле спроведувани во изминатите 18 месеци како и придонесот на граѓанското општество во справувањето со дискриминацијата.

– Проектот беше спроведен во осум општини низ државата Битола, Берово, Штип, Прилеп, Куманово, Шуто Оризари, Тетово и Гостивар и еден од заклучоците е дека дискриминацијата е присутна во нашето општество, но често таа е прикриена во разни форми, па поради тоа голем дел од граѓаните, претставниците на институциите, па дури и од граѓанскиот сектор што се занимаваат со човековите права не ја препознаваат доволно, рече Катица Михајловиќ од АДИ.

Народниот правобранител Иџет Меџити поосчи дека Македонија бидејќи е доста ранлива на групна и индивидуална дискриминација на национален, верски и друг аспект и затоа има потреба да создаде стабилен систем за превенција, промоција и заштита од дискриминација.

– Имаме многу преставки од граѓаните дека се соочуваат од сурова дискриминација и во јавниот сектор и на централно и локално ниво, но не сме ги убедиле органите да ги санираат последиците од дискриминацијата од национална или политичка основа што покажува дека општеството уште повеќе е политизирано, додаде Меџити.

Проектот бил спроведен во партнерство со Центар за ромска заедница (ДРОМ) од Куманово и Асоцијација Иницијатива за социјална промена од Скопје, а е финасиран во рамки на ИПА Национална програма за транзициска помош и градење на институциите од ЕУ фондовите.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски