Два од 34 минијатурни коњи од фармата „Севн оукс“ во југозападен Охајо два пати месечно шетаат низ Меѓународниот аеродром Синсинати, Северен Кентаки, за да ги развеселат нервозните патници и луѓето кои поминуваат.
Иако се мали, коњите имаат големо влијание врз уморните патници.
– Целта ни е да се намали нивото на анксиозност кај патниците и да им извлечеме насмевка. Очигледно ни успева, вели менаџерката за односи со клиентите на тој аеродром, Венди Орландо.
Програмата на фармата со терапевтски коњи е основана како непрофитна организација, а со текот на времето стекнува национална слава. Посетувани се домови за стари лица, полициски програми за обука, па дури и студентски кампуси во текот на испитите.
Коњите веќе станаа познати на аеродромот и редовни патници веќе се навикнаа и очекуваат да ги видат таму.
– Традиционално на аеродромите владее нервоза. Кога ќе го видите животното, нивото на нервоза се намалува и насмевката се враќа на лицата, вели Орландо.