Богатство од мириси и неверојатен вкус …
Потребно е:
500 гр пилешко бело месо
250 гр црвена леќа
100 гр корен од целер
70 гр корен од пашканат
1 главица кромид
2 моркови
2 лажици маслиново масло
1 лажиче кари
1 гр шафран
1/2 лажиче мелен ким
1/2 лажиче коријандер
1/2 лажиче цимет во прав
400 мл пилешка супа
1 млад кромид
Подготовка:
– Кромидот, целерот и пашканатот исечете ги на мали коцки. Морковите исечете ги на тркалца. Пилешкото месо исто исечете го на коцки.
– Во подлабок сад на рингла загрејте го маслото и на него испржете го пилешкото месо со постојано мешање. Ставете сол и бибер по вкус.
– Додадете ги кромидот, морковите, целерот и пашканатот и динстајте 15-тина минути.
– Потоа додадете кари, шафран, ким, коријандер и цимет. Сипете ја супата и варете на тивко уште 10-тина минути.
– Леќата исчистете ја, измијте ја под млаз ладна вода и додадете ја во садот на рингла. Варете додека не омекне леќата.
– На крај зачинете ако е потребно со уште малку сол и бибер.
– Младиот кромид исецкајте го. Јадењето сервирајте го чинии и одозгора посипете со сецканото младо кромитче.