Прва крводарителска акција во ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово

Од:

Во кумановското Основно училиште „Крсте Мисирков“ денеска за првпат се оддржа крводарителска акција на која крв даруваа вработените во училиштето и родителите. Акцијата ја спроведуваат Црвен Крст Куманово, Институтот за трансфузиона медицина и тимот на Црвениот Крст од основното училиште. Одговорните сметаат дека преку примерот на родителите и наставниците кои учествуваа во акцијата ќе влијае позитивно врз учениците кои во иднина и самите ќе можат да даруваат крв.

– Акцијата се организира по повод 72 години од постоењето на Црвениот Крст на Република Македонија. Тимот подготви и прирачник кој ги опфаќа сите датуми кои ги одбележува Црвениот крст на Македонија, а воедно подготвивме и изложба на фотографии од хуманитарните активности кои ги спроведовме изминативе десет години во соработка со кумановскиот Црвен Крст“, изјави учителот Зоран Тасевски од ОУ „Крсте Мисирков“.

На овој начин, сметаат одговорните, учениците од најмала возраст се вклучуваат во хуманитарните активности, меѓу нив, дарување гардероба, храна, хигиенски средства. Досега, информираше Тасевски, биле реализирани бројни акции во селата од козјачијата, каде на ранливи категории жители им е донирана помош.

Д-р Дритон Биљали од Институтот за трансфузиона медицина, стационар Куманово информираше дека има голем одѕив за акцијата доколку се земе предвид оти за првпат се организира крводарителска акција во училиштето. Педесеттина дарители се пријавиле да даруваат крв на оваа акција.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски